За нас
Газели Волеј е екипа која по освоеното прво место во Втората Државна Лига мината сезона, од оваа сезона за прв пат е дел од Првата Државна Лига на Македонија. Оваа екипа е основана со цел да создава домашни играчи и која им овозможува на перспективните и амбициозни одбојкарки да се пронајдат во професионализмот на овој спорт.