Нашето седиште “Спортски Центар Форца” е добро познат и признат бренд во македонската јавност. Во него, со години наназад високо позиционирана и сеприсатна е женската одбојка која е наша движечка сила. Оваа година со огромни вложувања и инвестиции, со десетина ентузијасти кои неуморно работат и ќе продолжат да работат, решивме најмасовниот тимски женски спорт во светот, женската одбојка, да го подигнеме на врвно ниво со беспрекорни услови и посветен тренерски тим.